Земјотрес во Албанија близу Елбасан, почувствуван во Охрид и во Кичево

Земјотресот, со Рихтерова локална магнитуда од 3,6 степени, бил почувствуван во југозападниот дел од државата

Фото: Shefali Lincoln на Unsplash

Денес во 6 часот наутро е регистриран земјотрес во Албанија, чиј епицентар се наоѓа 130 км југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда од 3,6 степени, известува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци, од опсерваторијата велат оти земјотресот бил почувствуван во југозападниот дел од државата, вклучувајќи и во Охрид и Кичево, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за штети предизвикани од земјотресот.