Инсталиран новиот акцелератор на Клиниката за онкологија

Овој акцелератор беше неупотребен, иако беше набавен пред седум години

Фото: Министерство за здравство

Линеарен аксцелератор за потребите на онколошките пациенти деновиве беше инсталиран на Клиниката за онкологија. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска кажа дека со ова е исполнето уште едно ветување, иако акцелераторот е набавен уште пред седум години.

„Производителот и одговорните физичари во установата, потпишаа сертификат – документ со кој се потврдува дека медицинскиот апарат е инсталиран во целосна согласност со сите спецификации на проектите, составен и инсталиран следејќи ги сите упатства и технички барања. Производител е „Вариан медицински системи“. Во наредниот период се очекува воведување во работата и започнување со зрачна терапија на пациентите“, рече Меџити.

Овој акцелератор беше неупотребен, иако беше набавен пред седум години. Во текот на инсталацијата, не беше нарушена работата со пациенти и таа се одвиваше непречено.