Шест патници и едно бебе загинаа во хеликоптерска несреќа во Белград

Во хеликоптерска несреќа, која синоќа се случи во близина аеродрмот „Никола Тесла“ во Белград, загинаа седум патници, меѓу кои и едно бебе.

Леталото тргнало од Рашка, кадешто било ангажирано во спасување бебе, родено пред пет дена. Посадата на воениот хеликоптер требало да го спаси бебето кое било заглавено на пат кон Крагуевац во возило на итната медицинска помош, а кое не можело да стигне до болницата поради одрон на патот.

Воениот хеликоптер долго кружел околу аеродромот во Белград, безуспешно обидувајќи се да слета поради лошите временски услови.

По три часа кружење, контролата на летање, околу 3 часот изутринава, го изгубила контактот со екипажот на леталото. Причините за падот се сè уште непознати.