МВР: Уставен суд и аеродромот во Скопје добиле лажни дојави за поставени бомби

Фото: ТАВ Македонија

Министерството за внатрешни работи ја извести јавноста дека по дојави за поставена експлозивна направа во Уставен суд и аеродромот во Скопје направени се сите потребни проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пораки.

„Од страна на полициските службеници веднаш се преземени соодветни мерки и извршени се детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“ соопшти МВР.

Претходно лажна дојава на електронската пошта на аеродромот во Скопје беше истратена на 10 декември. Дојавите за наводни поставени експлозивни направи во училиштата престанаа со крајот на првото полугодие од училишната година.

Лажна е дојавата за бомба на аеродромот, соопшти МВР