fbpx

Лажна е дојавата за бомба на аеродромот, соопшти МВР

-

Завршени се проверките на аеродромот во Скопје и во дел од училиштата, а утврдено е дека станува збор за лажни пријави, потврдија за Мета.мк од МВР. Оттаму најавија дека по завршувањето на проверките во другите објекти, ќе излезат со повеќе информации.

Утрово, нови мејлови со дојави за поставени експлозивни направи стасале до повеќе училишта, хотели, спортски објекти, како и до скопскиот аеродром. МВР информираше дека закани за бомби има за десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел „Александар Палас“, хотел „Мериот“, трговски центар „Ист Гејт“, спортска сала „Борис Трајковски“ и Меѓународен аеродром Скопје.

Во текот на вчерашниот ден беа испратени рекордни 49 дојави со закани за поставена бомба во основни и во средни училишта. Министерот Оливер Спасовски вчера изјави дека во моментов нема какви било индиции за нарушување на безбедносната состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...