Едногласно усвоен Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Фото: Архива на Мета.мк

Собранието на РСМ денеска едногласно го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета со кој се  гарантира слободата на изразување, информираат од Министерството за правда.

„Ова е еден од најлибералните закони во Европа чиј клучен аспект е драстичното намалување на висината на казните на медимските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета“, информираат од Министерството за правда.

Законот предвидува пред поднесување на тужба за надоместување на штетата да се бара извинување и јавно повлекување на изјавата или содржината за физичкото или правното лице на кое му е причинета штета со навреда или клевета и да презема мерки за ублажување на штетните последици, како и право на реагирање демант, одговор и исправка.

Од Министерството за правда велат дека и во наредниот период ќе се фокусираат на подобрување на состојбите во оваа сфера со цел да се овозможи независно, професионално и достоинствено извршување на новинарската професија.