Избувна пожар на армискиот полигон Криволак, се бара интервенција со хеликоптери

Архивска фотографија, Фото: Министерство за одбрана на Република Северна Македонија

На армискиот полигон Криволак денеска избувна пожар, а за тоа се известени надлежните во АРМ, од каде што е побарана интервенција со хелихоптер бидејќи теренот е непристапен, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи. Од регионалниот центар за управување со кризи во Велес, ја информирале централата на ЦУК во Скопје дека на подрачјето на општината Неготино бил појавен пожар на полигонот Криволак.

„Стапено е во контакт со воениот полигон Криволак, бевме известени дека појавен е пожар на стариот полигон на непристапен терен. Точното време на појавување не е познато, се смета дека најверојато е тоа во ноќните часови. Изутрината биле известени од дежурниот во полигонот“, појаснија од ЦУК.

Денеска беше ставен под контрола и пожарот што избувна кај селото Ѓавато.