Претставници од ФУЕН во посета на Македонско друштво „Илинден” од Тирана

Потпретседателот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), Халит Хабип Оглу, кој во исто време е и претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа, денеска во Тирана го посети Македонското друштво „Илинден“.

Во разговор со претседателот на Македонско друштво „Илинден-Тирана“, Никола Ѓурѓај, потпретседателот Незир Меча, претседателот на Македонско друштво „Илинден-Тирана, Огранок – Голо Брдо“,  Ули Халилај, и со други активисти, гостинот бил информиран за статусот на македонското национално малцинство во Република Албанија и за активностите на друштвото.

На средбата станало збор и за членството на Македонско друштво во Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Нагласена е потребата за соработка меѓу двете организаци.

ФУЕН е eвропска организација на автохтони, национални малцинства и етнички групи во Европа. Има околу 90 организации-членки во цела Европа. Основана е пред 65 години во Париз.