Бугарија е загрижена поради политичката состојба во Македонија

Бугарија е загрижена поради недостигот на дијалог меѓу власта и опозицијата во Македонија, изјави денеска бугарскиот министер за надворешни работи, Даниел Митов.

Шефот на бугарската дипломатија кон крајот на неделава ќе допатува во Скопје, каде со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, ќе разговара за потпишување на договорот за добрососедство.

Како што јавуваат бугарските медиуми, веќе е одреден датумот кога тимовите на министерствата за надворешни работи на двете земји ќе ја потпишат спогодбата за добрососедски односи меѓу Бугарија и Македонија.