Променливо облачно време, со дожд на југот

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне претежно во јужните и југозападните делови ќе има и локални врнежи од дожд, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Температурите ќе се движат меѓу 4 и 18 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно време, со температура од 5 до 17 Целзиусови степени.

Продолжува периодот на стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Дневната температура во наредните денови ќе биде малку над просекот за овој период од годината.