Собранието ги избра Мисовски, Ременски и Мемеди за потпретседатели

Пратениците во Собранието на денешната седница избраа тројца потпретседатели – Горан Мисовски, Фросина Ташевска Ременски, Весел Мемеди.

Ниту еден од пратениците во Собранието не се пријави на отворената расправа за предлозите за потпретседатели.

За Мисоски, Ташевска Ременски и Мемеди гласаа 61 пратеник, а еден беше воздржан.

Новите потпретседатели по изборот дадоа свечена изјава, а пратениците ги поздравија со аплауз.