Од вчера најавените помалку од 600 луѓе на настанот на Фејсбук, денеска пред Владата на Република Македонија се појавија педесетина луѓе за да протестираат против загадувањето на воздухот.
„Вие и вашите деца дишете ли друг водух?“ „Чист воздух – здрави деца“ беа само дел од транспарентите изложени пред владата. Присутните се разочарани од одзивот на протестот и порачаа граѓаните да бидат гласни сите денови, а не само во деновите на преголема загаденост.
Луѓето што протестираа денеска велат дека досегашните владини мерки се само декорации, а не и трајни решенија за борба со ПМ10 и ПМ2,5 честичките.