Сообраќајот се одвива по влажни коловози со магла на некои патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информира Автомото-сојузот на Македонија.

Видливоста поради магла е намалена од 50 до 100 метри на патниот правец Лисец – Попова Шапка.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.