Владина делегација во посета на Швајцарија

Инвестиции

Македонска владина делегација, предводена од заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, во чиј состав се министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Висар Фида, почесниот конзул на Република Македонија во Принципатот Лихтенштајн, Норберт Зегер, како и економскиот промотор во Швајцарија, Арлинд Зекири, од денеска престојува во работна посета на Конфедерацијата Швајцарија.

Денеска делегацијата одржа директни средби со највисокото раководство на неколку компании од областа на прехранбениот сектор, секторот за производство на машински делови и алати, како и од секторот за производство на опрема и на системи за греење, ладење и за вентилација.