Горан Трајковски повторно избран за директор на УЈП

Горан Трајковски останува на чело на Управата за јавни приходи, јавува телевизија „Телма“. Владата на вчерашната седница одлучи Трајковски да продолжи да раководи со една од најмоќните институции во државата. Оваа одлука Владата ја донесе експресно, со оглед на тоа што рокот за пријавување на јавниот оглас за избор на нов директор на УЈП истече вчера.

Ова ќе биде трет мандат на Трајковски на оваа позиција, откако претходниот му истече пред два дена. Сепак, не се знае до кога ќе директорува со УЈП, со оглед на тоа што позицијата директор на даночната управа треба да биде предмет на политички договор меѓу власта и опозицијата.