Времето денеска со дожд и снег

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса денеска во Македонија ќе врне дожд, а на повисоките места и на планините ќе паѓа снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови на земјава. Вкупната количина нааврнат воден талог во овие делови се очекува да биде повеќе од 30 литри на квадратен метар.
На голема површина ќе се ќе се формира нова снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, повеќе изразен ќе биде во западните подрачја.

Температурата ќе се движи од – 2 до 5 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи до 5 Целзиусови степени.