Во пожар во Кина 19 мртви и осум повредени лица

Во пожар што изби во текот на ноќта во една станбена зграда во јужниот дел на Пекинг, 19 лица загинаа, а осум се повредени, соопштија кинеските власти.

Пожарот избил во квартот Дасинг и засега не се знае причината.

Агенцијата „Синхуа“ објави дека полицијата привела неколку осомничени.

Локалните медиуми пренесуваат дека 14 пожарникарски екипи го гаселе пожарот во текот на ноќта и дека тој е сега целосно изгаснат.