Во поплавите во Колумбија загинаа 254 лица, а 200 се исчезнати

Во обилните дождови во градот Мокоа на југозападот на Колумбија, кои предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, загинаа 254 лица, 400 се повредени, а 200 се водат за исчезнати.

Дождовите предизвикаа излевање на неколку реки кои носеа карпи и камења. Повеќе од 1.100 војници и полицајци се повикани да им помогнат на загрозените луѓе.

– Ќе направиме сè што можеме за да им помогнеме – изјави колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, кој допатува во Мокоа, каде што безбедноста им е загрозена на 345.000 жители.

Метеоролошките служби за денеска прогнозираат послаби дождови во оваа област.