ВМРО-ДПМНЕ: Разликата помеѓу Трајановски и Шилегов е повеќе од очигледна

На скопјани ќе им биде лесно да одлучат за кого ќе гласаат на локалните избори, бидејќи разликата во квалитетот помеѓу Коце Трајановски и Петре Шилегов е повеќе од очигледна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– На граѓаните на Скопје им е потребен стабилен, вреден и чесен градски татко, а не градска пијандура. Петре Шилегов е човекот кој на Скопје може да му понуди само едно големо ништо, што е впрочем опус на целиот негов политички век досега. Петре Шилегов е свесен дека неговата партија, на чело со неспособниот Зоран Заев, е во тежок ендек, дека пропаѓаат, свесни се дека им доаѓа крајот и затоа ги лажат граѓаните на градот Скопје – изјави денеска Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ.