(ВИДЕО) Кливленд: Полицијата објави снимка од убиството на момчето

Снимката е без тон, но претставникот на полицијата тврди дека полицајците три пати го предупредиле затреланото момче

Полицијата во Кливленд објави снимка од убиството на 12-годишникот, кој полицаец го застрела мислејќи дека в рака држи вистински пиштол. Полицајците, наводно, трипати го предупредиле Тамир Рајс да ги крене рацете.

На снимката се гледа како црномурното момче си игра со реплика пиштол, разговара на мобилен телефон, а во поголем дел од видеоматеријалот изгледа дека му е здодевно и се „шутка“ низ детското игралиште.

Во еден дел од снимката се гледа како момчето седнува на пикник-масата. Во еден момент станува, а од десната страни му приоѓа полициски автомобил, се отвора совозачката врата и полицаецот пука на оддалеченост помала од три метри.

Телевизиската куќа „Ен-Би-Си“, јави дека на снимката нема тон, но претставникот на полицијата Ед Томб соопшти дека полицаецот трипати го предупредил да ги крене рацете.

Американските медиуми јавуваат дека на репликата на пиштолот ја немало портокаловата ознака, која укажува дека станува збор за играчка, а ни диспечерот на полициската патрола не ги пренел зборовите на дојавувачот дека веројатно станува збор за играчка.

Соопштен е идентитетот на полицаецот кој го уби Тимар. Станува збор за 26-годишниот почетник Тимоти Леман, кој почнал да работи во кливлендската полиција во март годинава.

Вториот член од патролата е 46-годишниот Френк Гармбек, кој во полицискиот оддел работи од 2008 година.

И двајцата полицајци се наоѓаат на платено отсуство додека обвинителството не одлучи дали ќе покрене обвинение против нив.

Томб соопшти дека снимката е објавена на барање на семејството на момчето, кое почина во кливлендската болница.
Во соопштението од семејството се изразува уверување дека „ситуацијата можела да биде избегната“.

https://www.youtube.com/watch?v=L97aihRvZtQ