This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sun Aug 19 19:02:30 2018 / +0000 GMT

Васо Ристов нов директор на МОБ




Професорот и продекан на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Васо Ристов е избран за генерален директор на Македонската опера и балет (МОБ) - Скопје.

„Ристов е истакнат уметник  и културен работник, добро познат на домашната и меѓународната музичка јавност, кој зад себе има богата меѓународна професионална кариера. Педагог со 33 години стаж во сценско музичката дејност во Македонија и развивање на кадри за музичката култура во земјата и надвор од неа. Од 1986 до 2010 е редовно вработен во Македонската опера и балет како прв трубач- солист, потоа уметнички директор на операта на МОБ (2005 – 2006), кој развива, организира и координира спроведување на музички програми и репертоарска политика на музички институции и на ФМУ – Факултетот за музички уметности – Скопје“, пишува на интернет-страницата на Македонска опера и балет.

Ристов дипломирал на ФМУ во Скопје, а магистерските студии завршил на музичката академија „Панчо Владигеров“ во Софија по што специјализирал на ФМУ во Прага. Тој има долгогодишно искуство во менаџирање оперска и балетска уметност, музичко сценски изведби, музички настани и натпревари.

Ристов бил професор на пет универзитети во Македонија и надвор: Факултет за музичка уметност, Скопје, Државен Универзитет Тетово, Универзитет Гоце Делчев - Штип, Универзитет во Приштина и Факултетот за уметност во Митровица.
Post date: 2018-08-07 11:15:48
Post date GMT: 2018-08-07 09:15:48
Post modified date: 2018-08-07 11:19:30
Post modified date GMT: 2018-08-07 09:19:30
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com