УХМР: Водостојот на реките се намалува

Водостојот на реките постепено се намалува и се очекува тоа да продолжи во текот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Зголемување на водостојот има само на две места на Вардар и на Црна Река.

Според мерните станици на УХМР, од просекот за декември за трипати е зголемен Вардар кај Велес, каде водостојот изнесува 216 сантиметри, кај Демир Капија е за 30 сантиметри повеќе од вчера, односно 256 сантиметри, а двојно од просекот зголемена е Црна Река во Новаци каде нивото изнесува 206 сантиметри.

Кај езерата, минимално е зголемено нивото на Дојранско Езеро, додека Охридско и Преспанско Езеро се околу просекот.