Уапсен директорот на „Амнести интернешнел“ за Турција

Турската полиција уапсила 12 лица, вклучувајќи го и шефот на организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“ за Турција, Идил Есер.

Сите се уапсени на состанок кој е одржан на островот Бујукада, во близина на Истанбул, јавуваат турските медиуми.
Како што наведува весникот „Хуријет“, тие се собрани од состанокот и однесени во полициска станица, но засега не е јасно зошто.

„Амнести интернешенел“ побара нивно ослободување и наведе дека ова е гротескна злоупотреба на власта.

Меѓу уапсените се и седум активисти за заштита на човековите права, двајца инструктори, Германец и Швеѓанец, како и еден сопственик на хотел, стои во соопштението на „Амнести интернешенел“.