Туристичките водичи во Охрид се брендираа 

Oхридските туристички водичи се брендираа, а истовремено денеска беше ставен во функција туристичкиот Инфо-центар во центарот на Охрид. Три години после неговото поставување, објектот ќе је оправда својата намена.

„Регистрираните туристички водичи, со опремата која што ќе ја добијат, ќе бидат вистински репрезент на градот. За таа цел беа набавени и изработени маички и чадори кои ќе бидат брендирани“, вели Климент Наумов, претседател на здружение на туристички водичи „Кеј” Охрид.

Тој додаде дека станува збор за проект кој дополнително ќе се развива, проект кој ќе помогне да се реализираат голем број идеи за подобра туристичка служба во Охрид. Една од целите е, на овој начин да се направи дистинкција помеѓу лиценцираните и т.н „диви“ туристички водичи.

„Во инфо-центарот, секој турист треба да ги добие сите потребни информации за сместувачки капацитети и ресторани, безбедност на планина, еднодневни тури ги нудат членките на Здружението „Експлорер““, кажа претседателот на Здружението, Димитри Димитров.

Инаку, главната цел на здружението „Експлорер“ ќе биде промоција на националниот парк „Галичица“ и што тој може да им понуди на туристите.