fbpx
Таг: Талат Џафери

таг: Талат Џафери

Седницата за владата минува во дуели меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Со остра полемика помеѓу пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници од СДСМ и од неговата коалиција, но и со конфронтации со претседателот на Собранието, Талат Џафери, тече седницата на која се расправа за составот и за програмата на новата влада. Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наведуваат што направиле владите предводени од нивната партијата и прашуваат што ќе направи новата влада на СДСМ,...

ВМРО-ДПМНЕ не се појави: Блокада на самиот почеток на конститутивната седница

Само што почна 21. продолжение на конститутивната седница во Собранието, претседателот Џафери речиси веднаш прогласи пауза, бидејќи во салата не беа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата, а отсуствуваа и пратеници на другите партии. Повиците на собранискиот спикер Талат Џафери пратениците да влезат во салата не даде резултат и тој по само неколку минути пребројување, прогласи пауза од половина час. На дневен...

Собранието денеска со три седници, до полноќ треба да избере влада

Покрај втората собраниска седница, на која единствената точка е изборот на владата, во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи и 21. продолжение на конститутивната седница, на која ќе се расправа за изборот на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија. Продолжението е прво на...

Првиот собраниски ден мина во кавги помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

Попладневниот дел од денешната седница на Собранието на Република Македонија за избор на новата влада предложена од мандатарот Зоран Заев, помина во знак на расправии околу тоа кој бил криминалец, кој колку направил и кој е инкриминиран, а кој не, но и во расправии за процедурите - кој колку може да зборува - помеѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери,...

Почна седницата на Собранието за избор на новата влада

Со доцнење од половина час, со расправија и со надмудрувања околу употребата на албанскиот јазик помеѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, почна седницата на Собранието на Република Македонија за избор на новата влада, чија мандатар е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Џафери ја отвори седницата на албански јазик, заблагодарувајќи им се на сите што го поддржале,...

Џафери: Следната недела ќе има нова влада

Следната недела Македонија ќе има нова влада. Во кабинетот ќе учествуваат претставници на СДСМ на Зоран Заев и партии од албанското малцинство, како дел од парламентарното мнозинство, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери во изјава за новинската агенција „Франс прес“. -Очекувам за ден – два да ја добијам програмата на овој кабинет и потоа да свикам седница на парламентот за...

Џафери го честиташе Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Претседателот на Собранието Талат Џафери од негово име и од името на пратениците упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. „Со ова празнување, им оддаваме почит на светите браќа Кирил и Методиј како основоположници на словенската писменост и литература, заслужни за културниот развој како на македонскиот народ, така и на сите словенски народи. Како најголеми...

Џафери се сретна со високи офицери и цивили од Кралскиот Колеџ за одбранбени студии

Претседателот на Собранието Талат Џафери се сретна со делегација на високи офицери и цивили од Кралскиот Колеџ за одбранбени студии од Лондон, предводена од Николас Еванс. Од кабинетот на Џафери соопштуваат дека тој ги информирал за тековната и идната работа на Собранието поврзана со изборот на новата Влада, како и формирањето на работните тела на Собранието, измените на Изборниот законик...

Анкета на „Телма“: Граѓаните веруваат дека зад упадот во Собранието стои ВМРО-ДПМНЕ

Во најновата анкета на телевизија „Телма“ и на МЦМС, направена од 10 до 15 мај, на прашањето кој стои зад нападот во Собранието, 40,5 проценти изјавиле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, 20 проценти изјавиле дека толпата влегла спонтано, 8,7 проценти сметаат дека упадот бил спроведен од странски служби, 4,6 проценти - СДСМ, а 25,4 проценти одговориле дека не знаат. Високи 81,3...

Џафери: Ќе закажам седница за влада кога Заев ќе достави програма и состав на владата

Седница за избор на влада ќе закажам откако мандатарот Зоран Заев до Собранието ќе достави предлог-програма и предлог-состав на новата влада, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако даде исказ во Основното јавно обвинителство по повод насилните инциденти во Собранието на 27 април. - Во моментот кога ќе добијам материјал, ќе закажам седница. Паралелно ќе одат две седници: за избор на...

Заев за „Н1“: Непријатно е како соседните земји говорат за Македонија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за регионалната телевизија „Н1“ изјави дека е непријатен начинот на кој Србија ги коментира случувањата во Македонија, но додаде дека ќе се труди да има добри односи со официјален Белград. - Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, говореше за македонско сценарио. Непријатно е како нашите соседи зборуваат за Македонија – рече Заев. Лидерот на СДСМ...

Џафери до Јазбец: Очекувам Иванов да му го даде мандатот на Заев

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска со словенечкиот амбасадор Милан Јазбец разговарал за билатералните односи меѓу двете земји, како и за настаните во Собранието на 27 април. „Осврнувајќи се на немилите настани од 27 април и на актуелната состојба, претседателот Џафери истакна дека тој лично ќе се заложи за враќање на институционалниот интегритет на Собранието и за зајакнување...

Данев: Мнозинството поради партиски интереси ги одложува локалните избори

„ВМРО-ДПМНЕ кажа дека почетокот на јули е најповолниот датум за одржување на локалните избори, во интерес на граѓаните, но парламентарното мнозинство сметаше дека нивен партиски интерес е да го одложи терминот и практично да го избере последниот што сметавме дека е рационален. Но ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да излезе на избори и во јули и во октомври бидејќи знаеме дека народот...

Џафери и Стефансон разговараа за изборот на нова влада и за локалните избори

Доделувањето на мандатот за составување нова влада, следните активности на Собранието на Република Македонија поврзани со тој процес и локалните избори биле главни теми на разговор на денешната средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со амбасадорот на Шведска во земјава, Матс Стефансон. Стефансон, како што соопштуваат од кабинетот на новоизбраниот спикер, на Џафери му го честитал изборот на функцијата...

Локални избори во октомври, договорија партиите на координација без ВМРО-ДПМНЕ

На денешната координација со претседателот на Собранието, Талат Џафери, претставниците на парламентарните партии се договориле дека е потребно да се донесе предлог-закон за изменување и за дополнување на Изборниот законик, со кој одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина од октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници ќе биде продолжен до изборот на новите членови на советите...

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на најавената координација во Собранието

Талат Џафери не е избран за претседател на Собранието на Република Македонија во законска процедура и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина зошто би одговарала на покана која пратеникот Талат Џафери ја испраќа во својство на претседател, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека партијата нема да учествува на најавената координација во Собранието. „Покрај тоа што...

Партиите утре на координација со претседателот на Собранието

Новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, утре ќе свика координација на претставниците на политичките партии во Собранието, на која треба да се реши кога ќе се продолжи конститутивната седница и по кој тек ќе се одвива таа. Се очекува на координативниот состанок да се зборува и за можните решенија по истекот на мандатите на локалните власти, како и да се...

ВМРО-ДПМНЕ: Џафери ја почна двојазичноста

Нелегално избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, поддржан од СДС, почна да го применува албанскиот јазик како јазик на кој Собранието се обраќа до јавноста, покрај македонскиот, давајќи ни само мал поглед како ќе се одвива и ќе се имплементира двојазичноста на дело, обвини ВМРО-ДПМНЕ. Партијата вели дека Џафери кажал „дека нема намера да го почитува сегашниот закон за употреба...

Само август и декември не се во игра за локални избори годинава

На три дена до истекот на мандатот на градоначалниците, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ првпат денеска излегоа со можни термини за одржување на локалните избори, за да не дојде до блокада во функционирањето на општините. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека ако се постигне договор локалните избори да се одржат годинава, тие би биле во октомври или...

Џафери: Обврска на партиите е да најдат консензус за нов датум за локалните избори

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на брифинг со новинари истакна дека политичките партии мораат да најдат заедничко решение и да се договорат за нов датум за одржување на локалните избори, пред тој да свика седница на која ќе се измени Изборниот законик. Иако претходно Џафери рече дека на првата наредна седница ќе се формира владата, тој сега додаде дека треба паралелно...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...