fbpx
Таг: Талат Џафери

таг: Талат Џафери

Пломп: Очекуваме позитивен развој на настаните претстојната недела

Единствен од амбасадорите што даде изјава за медиумите по средбата со претседателот на Собранието, Талат Џафери, беше амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп. Тој кратко изјави дека средбата била одлична и дека во неделата што претстои, се очекува позитивен развој на настаните. - Немам порака во моментот, но имавме многу добра, охрабрувачка, одлична средба и се надеваме на позитивен развој на настаните...

Џафери со амбасадорите: Изборот на нова влада е приоритет број 1 на Собранието

Враќањето на кредибилитетот на Собранието, изборот на нова влада и решавањето на проблемот со локалните избори биле главни теми на денешната средба на новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во земјава. Како што соопштуваат од кабинетот на Џафери, повеќе амбасадори, со конкретни прашања, на средбата се интересирале за приоритетите во...

Џафери денеска на средби со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и со новинари

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе се сретне со амбасадорите од земјите членки на Европската Унија во земјава, како и со претставници на медиумите. Во сала 5 во Собранието, Џафери во 11 часот ќе се сретне со амбасадорката на Австрија, Ренате Коблер, амбасадорот на Бугарија, Иван Петков, на Хрватска, Данијела Баришиќ, на Чешка, Мирослав Рамеш, претставниците на француската и...

Џафери и Јанева се сретнале со делегација на Конгресот на САД

Делегацијата на претставници на Конгресот на Соединетите Американски Држави, која денеска беше во посета на земјава, имала средби и со новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, и со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, соопштија од Амбасадата во САД во Македонија. „Двопартиската делегација, предводена од конгресменот Боб Гудлејт, претседател на Комитетот за правосудство, се сретна со претседателот на...

Џафери ги информирал пратениците дека итно треба да се усогласат за локалните избори

Министерот за локална самоуправа и Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија до Собранието на Република Македонија доставиле барања со кои се бара Собранието на Република Македонија да најде решение за надминување на состојбата поради неодржувањето на локалните избори и притоа укажале на проблемите што ќе настанат во оваа ситуација, информираат денеска собраниските служби. „Претседателот на Собранието, Џафери, барањата...

Џафери: Опозицијата го дава целосниот легитимитет на Собранието, таа не е декор

„Во последните две години живееме во сериозна општествена и политичка криза која го погодува секој граѓанин, а во голема мера таа криза е резултат на недоволно изразената надзорна функција на парламентот врз извршната власт“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафер, на конференцијата „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“, во организација на граѓанската асоцијација „Мост“. Џафери нагласи дека на опозицијата не смее...

Тодор Петров со иницијатива до Уставниот суд го оспори изборот на Џафери за спикер

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров поднел иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Тој од судот барал да ја поништи одлуката за изборот на Џафери за претседател на Собранието, која беше објавена во „Службен весник“. Петров за телевизија „Телма“  изјавил дека очекува судот да ја прифати неговата иницијатива. Шефот на кабинет...

Џафери се сретна со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада

Талат Џафери, новоизбраниот претседател на Собранието, денеска се сретна со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада, која изразила надеж дека по политичката криза на демократски начин ќе се ретаблираат државните институции, како следна фаза во стабилизирањето на земјата. „Амбасадорката ја подвлече понатамошната подготвеност на Швајцарската Конфедерација активно да продолжи со проектите во Македонија, особено со Собранието, бидејќи има директна финансиска и...

СДСМ: Нелегални се блокадите и насилството, а не изборот на Џафери

„Новиот претседател на Собранието е избран легално и легитимно според Уставот, законите и деловникот. Според Уставот, деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска влада“, порача СДСМ во одговор на денешната прес-конференција на Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ. Илиоски обвини дека СДСМ и Горан Мисовски нелегално го избрале Талат Џафери за претседател на Собранието и дека на тој начин „покажаа...

Министерството за локална самоуправа бара од Собранието итно решение за општините

Министерството за локална самоуправа денеска испратило писмо до новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со кое бара парламентот во најкус можен рок да направи измени на Изборниот законик за да може општините да продолжат да функционираат и по 15 мај, кога им истекува мандатот на градоначалниците и на советниците. „Со оглед на настаната состојба поради нераспишувањето на...

Илиоски: Со изборот на Џафери, СДСМ ги погази Уставот и волјата на народот

СДСМ и Горан Мисовски нелегално го избраа Талат Џафери на позицијата претседател на Собранието и покажаа дека се подготвени да ги погазат и Уставот и волјата на народот за да ги платат политичките фактури од албанските партии и да ја реализираат албанската платформа, обвини денеска на партиска прес-конференција Зоран Илиоски, пратеник и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. - На...

Џафери – Река: Стабилноста во Македонија е важна за стабилноста на Западен Балкан

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорот на Албанија во земјава, Фатос Река, со кого се согласил дека секоја идеја за меѓудржавни, меѓуетнички и меѓунационални конфликти однапред е осудена како неуспешен проект, информираат од кабинетот на Џафери. „Амбасадорот Река ја подвлече неопходноста од задржување на континуитетот на добрите и пријателски односи на двете држави во иднина, а...

Иванов повторно го повика Заев да даде гаранции за унитарноста на државата

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со коалициските партнери, да обезбеди гаранции за зајакнување на унитарноста на државата, а во однос на давањето на мандатот за составување нова влада „ќе постапи во согласност со Уставот и со досега воспоставената практика“. „Писмото од Собранието на Република Македонија е пристигнато во кабинетот на претседателот...

Излезе „Службен весник“ со одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието

Излезе новиот број на „Службен весник на Република Македонија“ во кој е објавена одлуката за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија. На веб-страницата на „Службен весник“ се објавени содржините од најновиот број, во кој е и одлуката. Како што пренесоа дел од медиумите, изданието било отпечатено синоќа, во печатницата на „Графички центар“. Одлуката од страна на...

Даут Харадинај: Македонците сфатија дека Албанците се фактор на мирот

Македонците сфатија дека Албанците се фактор на мирот и на стабилноста во земјата, па затоа ситуацијата во Македонија се подобрува, порача вчера пратеникот во парламентот на Косово, Даут Харадинај, во интервју за албанската телевизија „Репорт ТВ“. Тој истовремено нагласи дека Албанците се конститутивен народ во Македонија и рече дека и Еди Рама и сите Албанци обединувањето го гледаат во рамките на ЕУ. -...

Џафери на средби со Бејли и со Томоние: Следниот чекор е избор на новата влада

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, и со амбасадорот на Франција, Кристиан Тимоние, со кои разговарал за актуелната политичка состојба во државата, при што добил поддршка од двете земји за реализација на потамошните чекори при процесот на формирање на институциите. „Како следен од низата многу важни чекори за иднината...

Контраспин: Груевски владееше „диктаторски“, за другите – ќе видиме

„Само диктатори се опираат до последно за да се симнат од тронот и да се согласат да заминат во опозиција. За тоа има премногу јасни показатели за целата домашна и меѓународна просветлена јавност“, пишува „Вистиномер“. „Статусот на фејсбук-страницата на Никола Груевски е наменет за да укаже дека начинот на гласање и на устоличување на Талат Џафери за претседател на Собранието...

Данев: Собранието ќе биде трето во регионот каде седниците ќе се водат и на албански јазик

„Талат Џафери најави дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Република Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, на прес-конференција. Тој додаде дека Зоран Заев го навредувал и го понижувал сопствениот народ само за да се обиде да го избере...

Талат Џафери се сретна со Карен Пирс, директор во МНР на Велика Британија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска се сретнал со Карен Пирс, политички директор во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија. Од кабинетот на Џафери информираат дека Пирс му го честитала изборот за претседател на Собранието и му посакала успех во извршувањето на функцијата. Таа ја повторила заложбата на Обединетото Кралство дека досегашната меѓуинституционална билатерална соработка со...

Вељаноски на „Фејсбук“: Немаше никакво примопредавање на функцијата на Џафери

Досегашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој беше и претседавач со конститутивната седница по изборите, на својата фејсбук-страница напиша дека немало примопредавање на функцијата помеѓу него и новоизбраниот претседател, Талат Џафери. „Не, немаше никакво примопредавање на нелегитимно и неуставно избран претседател на Собранието“, напиша Вељаноски, како коментар на споделеното соопштение од Собранието за првиот работен ден на Џафери како претседател...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...