fbpx

Само август и декември не се во игра за локални избори годинава

-

На три дена до истекот на мандатот на градоначалниците, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ првпат денеска излегоа со можни термини за одржување на локалните избори, за да не дојде до блокада во функционирањето на општините.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека ако се постигне договор локалните избори да се одржат годинава, тие би биле во октомври или ноември, а доколку се одлучи да бидат следната година, термините би биле март, април или мај.

– Тоа во Македонија досега се правело во договор со сите политички партии и јас очекувам, во најмала рака, ако не ние, лидерите на парламентарните партии, барем наши претставници да направат средба во Собранието, и како што е редот и практиката, да го договорат новиот термин за изборите, а, меѓу другото, да ги договорат и распоредот на Законодавно-правната комисија и на Комисијата за политички систем, за да може бргу да се закаже седницата на Собранието, за и де факто да се одложи одржувањето на локалните избори, кои беа планирани за првата половина на мај – рече Заев.

Попладнево, пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на прес-конференција, изјави дека неговата партија е за локални избори во најкус можен рок и во нејзино име предложи три можни термини за нивно одржување.

Првиот термин што го предлага ВМРО-ДПМНЕ е 2 јули, а доколку, како што рече Милошоски, парламентарното мнозинство не е подготвено за овој датум, локалните избори да се одржат на 17 или 24 септември, односно на 15 октомври оваа година.

– ВМРО-ДПМНЕ и нашата пратеничка група ќе го поддржат секој предлог за кој ќе се одлучи парламентарното мнозинство. Се надеваме дека тоа ќе биде што поскоро, дека ќе се спроведат брзи и ефикасни локални избори, за да може локалната самоуправа како уставно право на граѓаните да не трпи голема штета – рече Милошоски.

СДСМ на ова реагираше велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ со датумите за изборите се однесува како да е на извлекување на лотарија.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, на денешниот бирфинг со новинарите рече дека обврска на политичките партии е да најдат консензус за датумот за локалните избори и откако ќе се договорат, да го известат Собранието за да може да почнат процедурите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...