fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не се појави: Блокада на самиот почеток на конститутивната седница

-

Само што почна 21. продолжение на конститутивната седница во Собранието, претседателот Џафери речиси веднаш прогласи пауза, бидејќи во салата не беа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата, а отсуствуваа и пратеници на другите партии.

Повиците на собранискиот спикер Талат Џафери пратениците да влезат во салата не даде резултат и тој по само неколку минути пребројување, прогласи пауза од половина час.

На дневен ред на конститутивната седница е изборот на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата на Собранието на Република Македонија. Откако ги наведе сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се пријавиле за збор пред претходното продолжение на 27 април, по кое уследија крвавите насилства врз пратениците и врз новинарите, Џафери констатираше дека се отсустни, а за некои пратеници од СДСМ напомена дека се откажале од правото на реплика. Наведувајќи дека е исцрпена листата за дискусија, тој ја затвори расправата и побара да се продолжи понатаму. Но, бидејќи во салата имаше само 42 пратеници, а неговите повици пратениците да влезат во салата беа неуспешни, претседателот на Собранието прогласи пауза од половина час.

Продолжението е прво на распоредот, а почна во 10.09 часот. Во 11 часот ќе почне третата седница, на која ќе се расправа за предлог-одлука за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија, поднесена од пратениците Горан Мисовски, Ејуп Аљими и Илија Димовски.

Потоа, во 12 часот, ќе продолжи втората седница, почната вчера, на која најдоцна до полноќ треба да се избере владата предложена од мандатарот Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...