Волци што одат „по риба“ – буквално (видео)


Национален парк „Војажер“, 16 декември, 2018 - 13:04 (META) 

Тим биолози во американската држава Минесота направиле снимки на волци кои скокаат во вода и ловат риби од поток.

Првите вакви снимки на волци беа објавени деновиве на страницата на Фејсбук на Националниот парк „Војажер“ и се резултат на повеќегодишен проект кој опфаќа следење на движењето на волците со ГПС-околувратници.

Откритието на тимот предводено од докторантот Томас Гејбл е објавено преку труд во научното списание Mammalian Biology („Биологија на цицачите“).

Тие забележале дека една  од глутниците во националниот парк поминува многу време покрај еден поток. Истражувајќи на локацијата, забележале дека волците во текот на ноќта стојат на брегот и повремено скокаат во водата откако ќе слушнат звуци на прскање. Кога поставиле камери за ноќно снимање утврдиле дека волците според звуците го откриваат присуството на риби кои ги ловат и потоа ги јадат на брегот.

„Може да видите како волците одеднаш скокаат во водата неколку пати откако слушаат плискање – научиле дека звукот е поврзан со рибите и знаат дека значи храна“ – изјавил истражувачот Том Гејбл за Њујорк Тајмс на 14 декември.

Волците обично се поврзуваат со лов на копнени животни и до сега само во многу ретки случаи е забележено дека ловат риби во приморски подрачја. Такви случаи имало во Аљаска и канадска Британска Колумбија, при мрестењето на лососите.

Според научниот труд, волците од Националниот парк „Војажер“ во Минесота ловат слатководни риби како штуки и бели чистачи. Истото истражување открило дека ова група волци, во недостаток на вообичаен плен како што се елените, јадат боровинки и ловат дабари.

Професорот Џозеф Бамп од Универзитетот од Минесота, специјалист за истражување на дивиот свет, изјавил дека ова ново однесување не е целосно изненадувачко, со оглед на тоа што волците се исклучително адаптибилни во поглед на барање храна.


„Њујорк тајмс“ го оцени Охрид како скапоцен камен во Македонија


Охрид, 19 ноември, 2016 - 11:02 (META) 

Најновиот број на „Њујорк тајмс“, преку сторијата на новинарката Елизабет Зах, го споредува Охрид со скапоцен камен, наведувајќи ги најзначајните споменици на македонската историја и култура.

Зах ги посетила црквите „Св.Јован Канео“, „Св.Климент“, „Св.Пантелејмон“ на Плаошник, Самоиловата тврдина и други места.

Раскажува и за доживувањето при посетата на селото Куратица, каде ги искусила турите кои се нудат за туристите.

Во останатиот дел од информативниот текст, „Њујорк тајмс“ ги набројува и останатите туристички локалитети низ Македонија.


Трамп: Карлос Слим се обидува да ѝ помогне на Хилари да победи


Вашингтон, 15 октомври, 2016 - 11:42 (META) 

Републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, го обвини мексиканскиот милијардер Карлос Слим дека се обидува да ѝ помогне на неговата ривалка, Хилари Клинтон.

Како што рече Трамп, Слим се обидува да ѝ помогне на Хилари преку неговите врски со весникот „Њујорк тајмс“.

Трамп вели дека Слим, мнозинскиот акционер во „Њујорк тајмс“, помага во обидите на тој весник да ѝ помогнат на Клинтон да ги освои изборите. Њујоршкиот весник објави приказни на две жени кои го обвинуваат Трамп за сексуално вознемирување.

– Тие не се новинари, тие се корпоративни лобисти на Карлос Слим и на странски корпорации – рече Трамп за репортерите на „Њујорк тајмс“.

На предизборен митинг во Северна Каролина, Трамп повтори дека многубројните жени што го обвинуваат за сексуално вознемирување, ги измислуваат таквите приказни.


Насловната на „Њујорк тајмс“ во Тајланд излезе без главен текст


Банкок, 1 декември, 2015 - 12:31 (META) 

Насловната страница на меѓународното издание на „Њујорк тајмс“ во Тајланд денеска излезе со празнина, односно без главен текст.

Како што јавуваат медиумите, локалната издавачка куќа го исфрлила текстот на дописникот Томас Фулер, во кој тој пишува за проблемите во земјата, тајландската воена влада, стагнирањето на економијата и го анализира приципот на наследување во монархијата.

Забранетиот текст, сепак, е достапен на интерент- изданието на „Њујорк тајмс“.

Угледниот весник не излезе во Тајланд ниту на 22 септември поради текст за монархијата.