fbpx
Таг: Никола Димитров

таг: Никола Димитров

Коѕиас в четврток слетува на „Скопје“

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас в четврток ќе пристигне во официјална дводневна посета на Македонија, извести македонското Министерство за надворешни работи. Посетата на Коѕиас в четврток ќе почне со неговото слетување на меѓународниот аеродром „Скопје“, само повеќе од месец откако со одлука на македонската влада името на овој аеродром беше сменето од „Александар Велики“ во „Скопје“. На 30 март,...

Проширувањето на ЕУ, тема на состанок на министрите од Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и македонскиот министер Никола Димитров, одржуваат состанок во Сараево посветен на Стратегијата на ЕУ за проширување со земјите од Балканот и спроведувањето на заклучоците од Самитот во Трст во 2017 година, составен дел од Берлинскиот процес. На состанокот учествуваат и заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина...

Пејчиновиќ Буриќ: Поважен е патот кон ЕУ и реформите, отколку целта

Шесте земји од Западен Балкан различно чекорат по патот кон ЕУ, при што, поважен е патот и квалитетното спроведување на реформите отколку целта, рече денеска шефицата на хрватската дипломатија, Марија Пејчиновиќ Буриќ, која е во посета на Македонија. На прес-конференцијата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров таа додаде дека реформите се клучни за напредокот на секоја земја на патот...

Димитров и Коѕиас имале кратка средба во Софија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на покана на Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева, учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ, кој се одржа во Софија. Димитров на состанокот истакнал...

Димитров: Со Коѕијас сакаме да го решиме спорот, но разликата е во тоа како да се реши

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за бугарската телевизија „Нова“ вели дека тој и неговиот грчки колега Никос Коѕиас сакаат да го решат спорот со името, но дека имаат и разлики околу тоа како треба да се реши проблемот. - Ние сме многу оптоварени со нашата историја. Ние сме многу горди нации. Сите на Балканот. Важно е да се...

Шекеринска и Димитров ќе учествуваат на Минхенската безбедносна конференција

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров од 16 до 18 февруари ќе учествуваат на 54. Минхенска безбедносна конференција, која ќе се одржи во Минхен, Сојузна Република Германија. Во фокусот на овогодишната конференција ќе бидат дебатите за улогата на Европската Унија како глобален актер и нејзините односи со НАТО, САД и Русија, конфликтите...

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија стапи во сила

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Никола Димитров и Екатерина Захариева, во присуство на премиерот Бојко Борисов, ги разменија ратификационите документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и го потпишаа Протоколот за нивната размена, со што Договорот стапи во сила, информираа од МНР. - Мислам дека со овој пример, во кој за неколку месеци успеавме еден...

МНР за средбата во Виена: Продолжуваат напорите за наоѓање решение

Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН, соопшти македонското Министерство за надворешни работи, известувајќи за денешната средба на личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц со министрите за надворешни работи на  Македонија и Грција. Средбата се одржа во канцеларијата на ОН во Виена. „По конструктивната средба која е дел од напорите за...

Димитров од утре во Бугарија на средби со Борисов, Радев и Захариева

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, од утре до 16 февруари ќе престојува во работна посета на Бугарија, соопшти Министерството за надворешни работи. За време на посетата е предвидено тој да има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева. „Во рамки на билатералната средба со министерката Захариева, која е закажана за утре,...

Димитров и Коѕиас вечерва ќе разговараат во Виена, утре зедничка средба со Нимиц

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, вечерва, во Виена, ќе има средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, информираа попладневно од Министерството за надворешни работи. Димитров и Коѕиас утре ќе имаат заедничка средба со личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц. Димитров и Коѕиас ќе се сретнат и на 15 и 16 февруари...

Димитров и Коѕиас ќе се сретнат во Софија на 15 и 16 февруари

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, ќе се сретнат во Софија на 15 и 16 февруари, на маргините на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ и државите кандидати за членство, објави Независната Балканска новинска агенција ИБНА. Се очекува Димитров и Коѕијас да разговараат за следните чекори во процесот...

Димитров: Искривено решение за името нема да биде решение

Ако има искривено решение за името, тоа нема да биде решение, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров по 14. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет „Република Македонија - Европска Унија“, во Стразбур, на кој шефот на македонската дипломатија имаше свое обраќање. - Зборував за реформите и за добрососедските односи. Кажав дека самиот европски проект е роден со цел да...

Димитров – Бјорнстад: Норвешка двојно ќе ја зголеми финансиската помош за Македонија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска имал средба со амбасадорот на Норвешка во земјава, Арне Санес Бјорнстад, во чиј фокус била норвешката поддршка за евроатлантската интеграција на Македонија, вклучително и проектната помош за подобрување на подготвеноста на Македонија за отпочнување на пристапните преговори со Европската Унија. Амбасадорот Бјорнстад ја повторил поддршката за евроатланската интеграција на Македонија и неопходните...

Кумуцакос: Изјавите на Димитров го покажуваат патот кон утрешниот протест

Пратеникот на грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос изјави дека се неприфатливи изјавите на министерот за надворешни работи, Никола Димитров дека Скопје отфрла било какви преговори за наводна „македонска етничка припадност“, јавува дописникот на Македонската информативна агенција (МИА). Според Кумуцакос, „таквите изјави го покажуваат патот, односно утре на плоштадот Синтагма изразувањето на националната чувствителност станува сила на преговорите“. За утре, во...

Изјавите на Димитров не помагаат, вели портпаролот на грчката влада

Изјавите на Димитров не помагаат, изјавил портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос за грчката државна телевизија „ЕРТ“, коментирајќи ги ставовите што вчера ги изнесе шефот на македонската дипломатија по средбата со медијаторот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц, пренесува МИА. - Изјавите на господинот Димитров, за време на преговорите, не помагаат, бидејќи тој знае многу добро, а...

Заев – Мужниекс: Постои позитивна енергија за движење на државата напред

Во Македонија постои позитивна енергија за движење на државата напред, оценил комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс, на денешната средба со премиерот Зоран Заев, во Скопје, соопшти владината прес-служба. На средбата било разговарано за почитувањето на човековите права во земјава, за меѓуетничките односи, за почитувањето на правата на ранливите групи и генерално, на сите граѓани...

Димитров утре во Рим на конференција за борба против антисемитизмот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров утре во Рим ќе учествува на меѓународната конференција за одговорност на државите, институциите и поединците во борбата против антисемитизмот во регионот на ОБСЕ, соопштија од МНР. Конференцијата е организирана во рамките на италијанското претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа. „Министерот Димитров ќе има свое излагање на конференцијата во кое ќе се...

Димитров утре во работна посета на Брисел

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров утре ќе биде во работна посета на институциите на Европската Унија, информираат од МНР. „Фокусот на посетата ќе биде остварување средби и разговори со носителите на одлуки. Се предвидува Димитров да оствари средби со заменик претседателот на Европска комисија, Франс Тимерманс, со еврокомесарот за образование, култура, млади и спорт, Тибор Наврачич, со генералниот директор за...

Димитров-Столтенберг: Членството во НАТО ќе значи стабилност за земјата и регионот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров за време на средбата со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е во прва официјална посета на Република Македонија нагласил дека посетата е од круцијално значење за Република Македонија и претставува силно охрабрување за нашите очекувања дека 2018 година ќе биде историска година за земјата како и за регионот, информираат од МНР. Димитров...

Димитров: Го охрабривме Нимиц в среда да излезе со првичен предлог за името

Министерот за надворешни работи Никола Димитров велии дека се уште нема предлог за решавање на спорот со името, но медијаторот Метју Нимиц бил поттикнат од македонската страна да излезе со првична рамка уште следната недела. – Сè уште немаме предлог на масата за решавање на спорот со името. Одлучивме да го охрабриме медијаторот Метју Нимиц да излезе што е можно...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...