fbpx
Таг: материјална штета

таг: материјална штета

Руски раце натопени во крв: Една година од почетокот на воената инвазија врз Украина

Како последица на руската агресија врз Украина, повеќе од 8 милиони Украинци биле приморани да ја напуштат својата земја, додека дополнителни 5,3 милиони жители на Украина се водат како внатрешно раселени лица во земјата. Дополнително, Украина веќе подолг период ја обвинува Русија за присилно раселување на украински жители во Русија од териториите окупирани од нејзина страна

Населбата Серава цела ноќ „будна“ поради поплавите: Ај што не доаѓаат да нѝ помогнат, туку ни на телефон не одговараат

Поројните врнежи завчера попладне ја поплавија населбата Серава во општина Чаир, која што се наоѓа на само 2,5 километри од центарот на Скопје. Екипата на Порталб.мк посети дел од куќите кои настрадаа од поплавите. Жителите чистеа цела ноќ, но и преку ден, бидејќи подрумите и другите простории им беа полни со вода. Бараат од општинските или централните власти да им...

Еден месец руска агресија: Над 10 милиони раселени, илјадници загинати лица и милијарди долари штета

На 24 февруари, Русија изврши воена инвазија врз Украина и со тоа ја започна војната што претставува најголем предизвик по мирот и безбедноста на Европа по Втората светска војна. Еден месец подоцна, руската агресија доведе до 10 милиони раселени лица од Украина, илјадници загинати војници и цивили, како и неколку милијарди долари штета врз Украина, предизвикана од руските воени...

По силниот земјотрес вчеравечер, тлото кај Лерин не престана да се тресе

По првиот силен земјотрес со магнитуда од 5,5 степени што се случи на 3 километри северно од Флорина (Лерин), Грција, епицентрално подрачје сè уште не се смирува, говорат информациите од Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Првиот земјотрес се случи во 22.43 часот, а следниот беше само 8 минути подоцна, со магнитуда од 3,5 степени. Во 22.54 часот уследи трет земјотрес, со...

Изгореа десетина дуќани во синоќешниот пожар во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица

Сè уште не се познати причините за синоќешниот пожар во струмичкиот трговски центар „Глобал“, каде целосно изгореа десетина дуќани и дел од зелениот пазар. Човечки жртви нема, а предизвикана е само материјална штета чија вредност засега не е утврдена. Околу шеесетина пожарникари вчеравечер го гаснеа пожарот, а денеска тие и натаму дежураат пред објектот за да не дојде до нов...

Земјотресот од Албанија кај нас почувствуван со пет степени

Најсилниот од серијата земјотреси во Албанија, 6,4 степени според Рихтер беше почувствуван и во Македонија. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот е почувствуван со интензитет од пет степени според Европската макросеизмичка скала во Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, од четири до пет степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од три до четири степени во источните...

ОН: Материјалната штета од војната во Сирија е 345 милијарди евра

Војната во Сирија, која трае повеќе од седум години, предизвикала материјална штета на околу 345 милијарди евра, соопшија Обединетите нации (ОН). Проценката беше објавена во Бејрут по состанокот на кој учествуваа 50 сириски и меѓународни стручњаци на ОН. Од таму велат дека за време на војната се уништени различни објекти во вредност од повеќе од 334 милијарди евра. Целиот извештај ќе биде...

МЗШВ: Невремето предизвика штета на 5.000 хектари земјоделска површина во Овчеполието

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со локалните власти, излегоа на терен, во увид на штетите врз земјоделските посеви, по вчерашното невреме во овчеполскиот регион. Според првичините проценки во регионите на општините Лозово и Свети Николе,  од невремето е предизвикана штета на површина од околу 5.000 хектари. „Претставниците од МЗШВ реализираа средби со градоначалниците на овие општини. Бидејќи освен...

Поројните дождови причинија материјална штета во Полошкиот регион

Поројните дождови во Полошкиот регион поплавиле подруми од куќи и згради и предизвикале уривање на потпорен ѕид врз покрив од куќа, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. „Околу 20 часот на улицата Прохор Пчински, како последица на дождот се лизнал и урнал потпорен ограден ѕид со висина од пет до шест метри и должина од 10 метри врз покривот од...

Запален кафе-бар во центарот на Прилеп

Утрово околу 3.30 часот лице со иницијали Н.Т. подметнало пожар во кафе-барот „Галери Хаус Паб“ во центарот на Прилеп, соопшти полицијата. Во пожарот нема повредени лица, а внатрешноста на објектот е целосно изгорена. Материјалната штета се проценува на повеќе од 200.000 евра. Како што информираат од полицијата, Н.Т. околу 3.30 часот дошол во кафе-барот носејќи со себе канта со...

Тајфунот Доксури го погоди Виетнам, осум загинати

Разорниот тајфун Доксури го погоди средишниот дел на Виетнам, каде осум лица загинале, а четири се повредени, пренесува ХРТ. На брегот на Виетнам ветерот дувал со брзина од 135 километри на час. Повеќе од еден милион луѓе останале без струја, а оштетени биле илјадници куќи. Властите предупредиле на опасност од поплави и лизгање на земјиштето. Тајфунот Доксури е трето тропско невреме...

Експлозија и пожар во стан во Охрид, еден повреден, седум автомобили оштетени

Едно лице било потешко повредено во експлозија што вчера во 22.24 часот се случила во стан на улицата Сатеска во Охрид, соопшти денеска полицијата. Како што информираат од СВР Охрид, од експлозијата, која најверојатно била предизвикана од плинска боца, дошло до пожар, кој бргу ја зафатил покуќнината и почнал да се шири низ собите. Сопственикот на станот со тешки повреди...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ мора да поднесе одговорност за пожарите

Поради игнорирањето и ненавременото локализирање на пожарите, СДС дозволи тие со денови да голтаат цели планини со шума и да станат вистинска опасност за огромен број граѓани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека додека граѓаните молеле и чекале државата да им помогне за пожарите да не стигнат до нивните домови, владата на СДС не мрднала...

Осигурителна компанија ќе ја покрие штетата од дивеењето во Собранието

Сообранието на Република Македонија, објектот и опремата се осигурани и осигурителна компанија ќе ги покрие трошоците од направената штета за време на насилствата од 27 април, соопштија денеска од одделението за односи со јавноста на Собранието. Оттаму информираат дека стручната служба на Собранието направила увид во материјалната штета и дека во тек е постапката за нејзина проценка. „По настаните од 27...

Кучиња скитници и необезбеден коловоз, причина за сообраќајќи на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје

Кучиња скитници изминативе два дена предизвикаа две сообраќајки на автопатот Гостивар - Тетово - Скопје. Утринава околу 6 часот, кај Карпалак, поради необезбедениот автопат, патничко возило со гостиварски таблички, што го управувала 34-годишна гостиварка, удрило во куче скитник, кое се движело по коловозот. Од ударот, во возилото немало повредени лица, а причинета е материјална штета која се проценува на 30.000...

Најмалку 15 загинати во земјотрес на југот на Филипини

Најмалку 15 лица загинале, а околу 100 биле повредени во земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата сакала што денеска го погодил јужниот дел на Филипини, јавуваат светските агенции. Земјотресот, според агенциите, ја погодил провинцијата Суриаго дел Норте, на островот Минданао. „И понатаму ја проценуваме ситуацијата, потребите на населението и причинетата материјална штета“, изјавил претставник на филипинските власти.

Пожар во гостиварската болница, причинета материјална штета

Во лабораторијата на гостиварската болница вчера избувнал пожар, најверојатно од вклучена греалка. Како што дознаваме, најпрвин се запалило столче, кое било во непосредна близина на греалката, по што огнот се проширил во просторијата. Во пожарот, во кој нема повредени лица, оштетени се клима-уред, мал бојлер и дел од електричната инсталација во просторијата. Со ангажирање на вработените во болницата, пожарот бил...

Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата на протестите во Атина

Атина повторно преживеа сцени на насилни судири и хаос на вчерашните протести за одбележување на годишнината од убиството на младиот Александрос Григоропулос, кој беше жртва на полициско насилство. Полицијата уапси 25 и приведе 26 лица во немирите кои траеја со часови во центарот на градот и во бунтовната населба Ексархија. Ексархија наликуваше на бојно поле. Демонстрантите напаѓаа со стотици молотови...

Најмалку 20 лица се повредени во земјотресот што го погоди централниот дел на Италија

Најмалку 20 луѓе се повредени во земјотресот што утрово го погоди централниот дел од Италија, соопштија италијанските власти. Како што пишуваат медиумите, станува збор за лесни повреди. Шефот на италијанската служба за цивилна заштита, Фабрицио Курчо, изјави дека засега нема регистрирано човечки жртви од земјотресот со интензитет од 6,6 степени по Рихтеровата скала. Италијанскиот премиер Матео Ренци рече дека властите ќе...

МНР: Нема информации за повредени македонски граѓани во Италија

Министерството за надворешни работи денеска информираше дека нема податоци за повредени македонски граѓани во земјотресот што утринава се случи во Италија. „Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги известува сите заинтересирани дека за прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, можат да се обратат на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...