fbpx
Таг: Јавен обвинител

таг: Јавен обвинител

Собранието денеска треба да го именува новиот јавен обвинител

Собранието денеска ќе ја одржи 22. седница, на која прва точка на дневен ред е именувањето на нов државен јавен обвинител, функција за која Владата го предложи Љубомир Јовески, актуелен член на Советот на јавни обвинители. На оваа седница, покрај именувањето на јавниот обвинител, на дневен ред се уште седум точки, меѓу кои се и измените на Законот за заштита...

Возило со 14 мигранти откриено кај селото Удово

Полициска екипа од Валандово вчера на бензинската пумпа кај селото Удово, пронашла автомобил, марка „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало 14 мигранти од Пакистан, информира МВР. По извршениот увид, автомобилот и мигрантите биле преземени од екипа од полициската станица од граничниот премин Богородица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По негова наредба, возилото било задржано во...

Собранието го изгласа распишувањето оглас за нов јавен обвинител

Пратениците во Собранието со 61 глас „за“ го изгласаа предлогот за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител. За време на гласањето, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара гласањето да биде в понеделник, бидејќи претходно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, констатирале дека нема мнозинство. Ставањето на оваа точка на гласање, за Димовски е...

ВМРО-ДПМНЕ повторно бара одложување на расправата за оглас за нов јавен обвинител

На продолжението на 12. пленарна седница, на која се расправа за предлогот на Владата за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно бараа расправата по оваа точка да се одложи и да продолжи по одржувањето на локалните избори. Тие сметаат дека со оваа расправа Собранието не ги почитува законите. - Како и разрешувањето на јавниот обвинител, така...

Законот за јазиците и огласот за наследникот на Зврлевски денеска во Собранието

Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да ја продолжи седницата на која се расправа за предлог-законот за употреба на јазиците, во прво читање. Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен...

Собраниската расправа за огласот за нов државен јавен обвинител продолжува в среда

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, точно во 18 часот ја прекина расправата по точката за предлогот на Владата за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на претходниот – Марко Зврлевски. Следното продолжение на седницата Џафери го закажа за среда, во 11 часот, затоа што утре тој ќе присуствува на Меѓународната научна конференцијата „Балканот помеѓу Западот и...

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи изборот на нов јавен обвинител

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи изборот за нов јавен обвинител бидејќи е спротивно на членот 8а од Изборниот законик и на денешната седница ќе се спротивстави на ваквата иницијатива на СДСМ, рече пратеникот Илија Димовски во однос на распишувањето оглас за избор на нов јавен обвинител. Димовски најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе три закони по скратена...

Владата во вторник ќе ја почне процедурата за именување нов јавен обвинител

Владата првата наредна седница, предвидена за следниот вторник ќе ја почне процедурата за именување на нов државен јавен обвинител, откако вчера Собранието го разреши Марко Зврлевски, кој досега ја извршуваше оваа функција. Како што соопшти портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на седницата во вторник на дневен ред ќе биде усвојување заклучок со кој Владата ќе му предложи на Собранието да распише...

Џафери ја помести седницата за 15 часот, Димовски најавува „повеќе реакции“

Наместо во 11 часот, како што утрово првично беше најавено од стручните служби на Собранието, првата пленарна седница денеска ќе почне во 15 часот. Според новото соопштение од Собранието, распоредот за работа нема да се смени - првин ќе се одржи продолжението на 8-та седница, на чиј дневен ред се 12 точки, меѓу кои и изборот на заменици на...

Собраниските служби и официјално најавија дека денеска ќе се гласа за Зврлевски

Во Собранието на Република Македонија денеска треба да се одржи 13-то продолжение на 6-тата седница, на кое би требало да се гласа за разрешувањето на Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски, според вчерашната најава од претседателот на Собранието, Талат Џафери. Прво, според денешната најава на собраниските служби, ќе одржи продолжението на 8-та седница, на чиј дневен ред се 12 точки, меѓу...

Заврши одморот, Антикорупциска в понеделник ќе почне да го пишува одговорот

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) в понеделник се враќаат на работа, бидејќи в недела им завршува годишниот одмор, информираа од Комисијата за „Мета“. Антикорупциската комисија беше во центарот на политичките препирки, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија во вторникот поднесоа барање за мислење до ДКСК, велејќи дека собраниската седница за разрешување на...

Џафери: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата со 30 реплики за отсутниот Артан Груби

Во двете продолженија по блокадата на собраниската говорница околу пладне, дебатата за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски мина  во посмирен дух. И во двете продолженија Илија Димовски процедурално реагираше да се прекине расправата додека не се добие мислењето од Комисијата за спречување на корупцијата дали може да продолжи постапката за разрешувањето на Зврлевски во период...

ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше говорницата и седницата за смена на Зврлевски

На неполни 10 минути откако почна, седмото продолжение на шестата седница на Собранието на Република Македонија беше прекинато зашто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ излегоа на говорницата по кратката расправија на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со Антонио Милошоски, кој излезе на говорницата. Џафери го повика обезбедувањето да интервенира, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ излегоа на говорницата и откако апелите на претседателот на...

Тунтев: Нема да одиме на одмор додека Зврлевски не биде разрешен

Пратеникот и координатор на СДСМ, Томислав Тунтев, денеска во прес-центарот во Собранието на Република Македонија рече дека пратениците од парламентарното мнозинство се договориле да не одат на годишен одмор сè додека не заврши расправата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Тунтев најави дека Собранието ќе заседава и претстојниот викенд, за да се изгласа ребалансот и да се премине на...

Кумановското обвинителство поведе истрага против лицето што уби тинејџер на свадба

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лицето кое застрела гостин на свадба завчера во кумановското село Липково. Според соопштението, осомничениот на 25 јули во 22.45 минути, додека присуствувал на свадбена веселба, извадил од појас пиштол марка „смит и весон“ и со умисла истрелал еден куршум со кој го погодил сега починатиот 19-годишник Б.Х., државјанин на Република Германија. Почната е истражна...

Кондовец уапсен откако признал дека убил соселанец

Дваесет и едногодишно момче од скопското село Кондово, синоќа било уапсено во полициската станица Ѓорче Петров, откако признало дека пред една недела го убило својот соселанец М.M. (57) и го открило местото каде се наоѓа телото, информираше денеска МВР. Според полицијата, 21-годишниот М.Т. на 11 јули, околу 21.30 часот, во близина на Кондово, го убил М.М., кој во меѓувреме бил...

Собрание: Пауза, расправија Џафери – Димовски, пауза…

По паузата од повеќе од еден час, шестата собраниска седница на која моментално во процедура е разрешувањето на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, продолжи за кратко и потоа пак беше дадена нова пауза од 10 минути. На ваквиот потег на претседателот на Собранието Талат Џафери, претходеше препирка меѓу него и Илија Димовски, координаторот на една од пратеничките групи на...

Почнаа седницата и блокадите за разрешувањето на Марко Зврлевски во Собранието

Во Собранието на Република Македонија пред малку почна шестата седница, па прекина набргу, откако еден од координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ побара пауза. Во своето четврто продолжение, на оваа седница денеска се дискутира за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски. Во собраниската сала беше и Зврлевски. Откако ги прочита имињата на пратениците што...

Собранието денеска ќе почне да расправа за разрешувањето на Зврлевски

Предлогот на Владата да биде разрешен јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, денеска е првата точка на четвртото продолжение на шестата седница на Собранието на Република Македонија. По претходните продолженија, кои ги одбележаа долги и не многу содржајни расправи од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од нејзината коалиција, се очекува во 11 часот денеска да почне расправата за владиниот предлог...

Денеска нов обид во Собранието да почне расправата за разрешувањето на Зврлевски

Во Собранието денеска продолжува шестата седница, на која меѓу другите точки на дневниот ред е и разрешувањето на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски. Второто продолжение на оваа седница заврши вчера пред 19 часот. Собранието е заглавено на четвртата точка - расправа за одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител. Пред завршувањето на седницата, пратеничката група на...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...