fbpx
Таг: Интерпол

таг: Интерпол

Во акција на Интерпол против криминал со моторни возила во земјава се одземени 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат

Министерството за внатрешни работи во соработка со Царинската управа, Јавното обвинителство, Пазарната инспекција и Управата за јавни приходи, во тесна координација со Генералниот секретаријат на Интерпол, учествуваше во глобална операција против криминал со моторни возила, координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол, соопштија од МВР. Операцијата беше спроведена во 77 држави, при што во овие држави откриени се 1.121 украден автомобил...

Во голема акција на полицијата од десетици земји разбиена огромна криминална група и уапсени стотици криминалци

Во акција на полицајци од Европа, САД, Австралија и Нов Зеланд се извршија стотици апсења низ целиот свет за време на масовна операција против организираниот криминал. Австриската федерална полиција и ФБИ ги следеле комуникациите на криминалците и илјадници шифрирани пораки биле дешифрирани во реално време за период од три години Во акцијата наречена „Тројански штит“, пораките се следеле преку апликацијата АНОМ...

Македонија го почитува меѓународното право за случајот со Kосовецот Томор Морина

(Вежба на македонската и косовската полиција во касарната „Ѓорче Петров“)
Текстот објавен на порталот „Правда.рс“ со исклучително навредлив наслов: „Македонците повторно лижат шиптарска чизма: штитат ОВК терорист!“ („Македонци лижу шиптарску чизму поново: штите ОВК терористу!“), креира сосема погрешна слика за случајот со екстрадицискиот притвор  на Томор Морина, поранешен член на ОВК, кој е уапсен во земјава по потерница на Србија. Кога ќе се прочита насловот на српскиот портал се...

Спасовски очекува Интерпол да ја објави потерницата по Никола Груeвски

Документите за распишување на потерницата по Груевски за терористичко загрозување на уставниот поредок за настаните од 27 април се доставени до Интерпол и очекуваме потерницата да биде објавена, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање по официјалното почнување на твининг-проект за усогласување на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управување. „Интерпол, сè...

Рускоска: Интерпол без образложение одбива да ги објави потерниците за Груевски и Бошковски

Централата на Интерпол одбива да ја објави меѓународната потерница за поранешниот премиер Никола Груевски кој доби азил во Унгарија, изјави обвинителката Вилма Рускоска пред почетокот на Конференцијата за напредокот во борбата против организираниот криминал и корупција. „Последните информации од Интерпол Македонија се дека централата на Интерпол одбива да ја објави потерницата и дека не даваат образложение“, рече Рускоска. Таа додаде дека...

Вучиќ: Ќе имаме на ум дека на Македонија приоритет и е Косово пред Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека со гласањето за прием на Косово во Интерпол, Црна Гора и Македонија покажале дека Приштина им е многу поважна отколку Белград и додаде дека Србија во иднина ќе се однесува „одговор и сериозно, но во согласност со ситуацијата“. - Ние таа порака добро ја разбравме. Сакаме добра основа, но ги сфативме нивните приоритети...

Вучиќ за неуспехот на Косово во Интерпол: Србија победи, но да не се понижува Приштина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека, одбивањето на барањето за членство на Косово во Интерпол е успех на Србија („мала, пркосна и горделива земја“), но дека поради тоа не треба да се биде еуфоричен и да се понижува Косово, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. „Ние ја подобривме меѓународната позиција, но не смееме во оваа прилика тоа да го...

Полициите на Албанија и Црна Гора потврдија дека Груевски ги минал нивните граници

Полициите и на Албанија и на Црна Гора вчеравечер се огласија со соопштенија по бројните написи во медиумите дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски за Будимпешта заминал преку двете земји. Двете земји потврдија дека во неделата Груевски ги напуштил земјите. Со оглед на фактот дека од Подгорица и од Тиват тој ден немало летови за Будимпешта, најверојатно Груевски ја...

Распишана потерница преку Интерпол за петмина осомничени за 27 април

Министерството за внатрешни работи преку канцеларијата на Интерпол во земјава, распиша меѓународна потерница за петмина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година, кои се во бегство. Станува збор за Никола Митревски - Кољо, Александар Василевски - Нинџа, Младен Додевски, Дејан Давидовски и Митре Питроповски, кои досега се бараа само со домашна потерница. Сите петмина, Основното јавно обвинителство за...

Брнабиќ: Србија ќе даде сѐ од себе за да има најдобри односи со Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчеравечер на приемот организиран во Белград по повод Денот на независноста на Република Македонија. порача дека Србија ќе даде сѐ од себе за со Македонија да има само најдобри односи. Таа рече дека не разговарала со својот македонски колега Зоран Заев, ниту со амбасадорката на Македонија во Белград, Вера Јовановска-Типко околу можноста Македонија да го...

Распишана потерница по поранешниот претседател на Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ

Црногорската полиција распиша потерница по Светозар Маровиќ, единствениот претседател на федерацијата Србија и Црна Гора и висок државен функционер во Црна Гора, откако тој не се јави на издржување затворска казна и не ѝ врати на Црна Гора околу еден милион евра. Како што јавуваат локалните медиуми, високиот функционер на владејачката Демократска партија на социјалистите се бара по потерница побарана...

Рамуш Харадинај на слобода, француски суд одби да го екстрадира во Србија

Судот во францускиот град Колмар утрово го одби барањето на Србија за екстрадиција на Рамуш Харадинај, лидер на Алијансата за иднината на Косово и поранешен висок заповедник на ОВК. Апелацискиот суд во Колмар ја донесе конечната одлука за отфрлање на барањето на  српското јавно обвинителство, кое го товари за воени злосторства извршени во Косово на крајот на 1990-тите години. По ваквата одлука,...

Интерпол издаде црвена потерница за кинески милијардер

Интерпол издаде црвена потерница за кинескиот милијардер Гуо Венгуи, кој се закани дека ќе ја разоткрие корупцијата во кинеската владејачка Комунистичка партија. Потерницата е издадена во пресрет на неговото интервју за американската телевизија „Гласот на Америка“. Гуо дал интервју за „Гласот на Америка“ на кинески јазик, но интервјуто е прекинато по 80 минути, иако било планирано да трае три часа. Таквиот потег...

Францускиот суд ја одложи одлуката за екстрадицијата на Харадинај за 27 април

Францускиот суд го одложи донесувањето на одлуката за случајот со Рамуш Харадинај за 27 април, по денешното две и полчасовно рочиште во судот во градот Колмар, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. „Дотогаш ќе почекаме уште малку. Ние сме во право и правдата ќе победи. Јас не побегнав од ничиј закон, ниту од косовскиот, ниту од меѓународниот. Српската јурисдикција...

Интерпол распиша „црвена потерница“ заради убиството на Ким Џонг-нам

Интерпол издаде потерница со највисок степен на приоритет за четири лица од Северна Кореја во врска со убиството на Ким Jонг-нам, соопшти шефот на малезиската полиција. Ким Jонг-нам беше убиен на 13 февруари, откако две жени на лицето му нанесоа нервен гас „ве-икс“, на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур. Малезиската полиција минатиот месец побарала помош од Интерпол за да им влезе во трага...

Приштина ќе ги преоцени своите односи со Белград по апсењето на Харадинај

Шефот на косовската дипломатија, Енвер Хоџај, синоќа соопшти дека официјална Приштина веќе презела соодветни мерки кон Србија и дека тоа повторно ќе го стори во иднина, откако поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај беше уапсен во Франција по потерница издадена од Белград. - Вчера презедовме реципрочни мерки против српскиот претседател Томислав Николиќ и тоа повторно ќе го направиме во иднина. Треба да...

Турција ја затрупала Австрија со налози за апсење

Турција по неуспешниот воен пуч во земјата ги затрупала австриските власти со налози за апсење, тврди виенскиот неделник „Профил“. Турските власти во Австрија интензивно трагаат по приврзаници на противникот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, односно припадници на мрежата на свештеникот во егзил, Фетулах Ѓулен. Министерството за правосудство на Австрија, како што се наведува, од 15 јули, кога успешно е задушен воениот...

Во Грција уапсен Македонец кој криумчарел мигранти

Грчката полиција во Серес уапси Македонец по кој се трага за криумчарењње бегалци од Грција преку Македонија кон Србија. Против уапсениот 30-годишен македонски државјанин има потерница од македонскиот Интерпол. Според потерницата на Интерпол, Македонецот се товари за учество во организирана мрежа која пренесувала нелегални мигранти од Гевгелија, односно од грчко-македонската граница кон Србија во периодот од јануари до октомври 2014. Уапсениот...

Интерпол ја суспендира соработката со ФИФА

Интерпол го суспендира своето десетгодишно партнерство со Светската фудбалска федерација ФИФА во вредност од 20 милиони евра. Од Интерпол е соопштено дека оваа група „ќе го замрзне користењето на финансискиот придонес на ФИФА“. Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, рече дека одлуката е донесена „во светло на актуелните настани поврзани со ФИФА“. Спогодбата вклучува клаузула во согласност со која ФИФА мора да...

Уапсен поранешниот командант на босанската војска, Насер Ориќ

Швајцарската полиција денеска, на аеродромот во Берн, го уапсила поранешниот воен командант на одбраната на Сребреница, Насер Ориќ, врз основа на меѓународната потерница што под сомнеж за извршени воени злосторства, по него ја распиша Србија, пренесуваат српските и босанските медиуми. Неговата адвокатка Васвија Видовиќ го потврдила апсењето на Ориќ, за босанскиот портал „Кликс.ба“(Klix.ba), пренесува ХРТ. Инаку, Ориќ во Швајцарија требало да...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...