fbpx

Уапсен поранешниот командант на босанската војска, Насер Ориќ

-

Швајцарската полиција денеска, на аеродромот во Берн, го уапсила поранешниот воен командант на одбраната на Сребреница, Насер Ориќ, врз основа на меѓународната потерница што под сомнеж за извршени воени злосторства, по него ја распиша Србија, пренесуваат српските и босанските медиуми.

Неговата адвокатка Васвија Видовиќ го потврдила апсењето на Ориќ, за босанскиот портал „Кликс.ба“(Klix.ba), пренесува ХРТ.

Инаку, Ориќ во Швајцарија требало да учествува на одбележувањето на годишнината од масакрот во Сребреница.

Според белградски „Блиц“, Ориќ е уапсен по потерница, распишана врз основа на доказите, кои Меѓународниот суд за поранешна Југолсавија им ги отстапил на српските власти.

Сомненијата се дека Ориќ заедно со уште четири лица на 12 јули 1992 година извршил воени злосторства во местото Залазје, кај Долни Поточари, во оштината Сребреница, и се товари за убиство на девет цивили од српска националност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...