Полициите на Албанија и Црна Гора потврдија дека Груевски ги минал нивните граници

-

Полициите и на Албанија и на Црна Гора вчеравечер се огласија со соопштенија по бројните написи во медиумите дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски за Будимпешта заминал преку двете земји. Двете земји потврдија дека во неделата Груевски ги напуштил земјите. Со оглед на фактот дека од Подгорица и од Тиват тој ден немало летови за Будимпешта, најверојатно Груевски ја напуштил земјата по сувоземен или по морски пат, или пак летал за Будимпешта преку Белград.

Според Одделот за граници и миграции на Државната полиција на Албанија, „Н.Г. на 11.11.2018 во 19.11 часот ја напуштил територијата на Албанија преку граничниот премин „Хани Хоти“ и влегол во Црна гора како патник во возило со регистерски таблички CD1013A, сопственост на унгарската амбасада во Тирана“.

Дополнително, албанската полиција соопштува дека во времето на неговото преминување немала добиено потерница или белешка дека по Груевски се трага.

„Интерпол Скопје на 13 ноември 2018, во 19.35 до Интерпол Тирана испрати меѓународна потерница за ова лице“, соопшти Државната полиција на Албанија.

Управата за полиција на Црна Гора пак соопшти дека Груевски ја напуштил земјата истиот ден кога влегол, а полицијата во целост ги почитувала законските процедури.

„По повод написите објавени во медиумите, како и по интересирањето на медиумите за ова прашање, а кои се однесуваат на тоа дека поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, влегол во Црна Гора на 11 ноември 2018 година, заради вистинито информирање ве известуваме за следното: Никола Груевски влегол во Црна Гора во наведениот ден и во истиот ден излегол од Црна Гора. Црногорската полиција во овој случај во целост ги почитувала законските процедури“, гласи соопштението на црногорската полиција.

За разлика од нивните колеги од Албанија, црногорската полиција не известува каде и во колку часот Груевски ја напуштил земјата.

Со оглед на фактот дека од аеродромите во Подгорица и во Тиват тој ден немало летови за Будимпешта, најверојатно Груевски ја напуштил земјата по сувоземен или по морски пат, или пак летал за Будимпешта преку Белград, Истанбул или Москва. Засега нема реакции од владите и министерствата за внатрешни работи на БиХ и Србија.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...