Сончево и студено време со северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и студено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 1 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, највисоката температура на воздухот ќе достигне до 5 Целзиусови степени.

Најстудено утрово со минус 12 Целзиусови степени е во Берово и во Маврово со минус 11 Целзиусови степени. Во Скопје се измерени минус девет Целзиусови степени.