Сончево и студено со умерен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9 Целзиусови степени, соопшти УХМР.

Во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 Целзиусови степени.

Утре и за време на викендот ќе преовладува облачно време со магла по одделни котлини. Во крајните западни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат од вторник.