Сончево и постудено време, со силен северен ветер

Сончево, но постудено време со силен северен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Дневните температури во поголем дел од државата ќе бидат намалени за околу 10, а наместа и за 15 Целзиусови степени.

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 12 до 22 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со температура до 18 Целзиусови степени.

Од среда наутро ќе има значително опаѓање на утринската температура, која наместа ќе се спушти дури и околу нулата. Постепено затоплување се очекува кон крајот на неделата.