Собраниска седница за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници

Собранието денеска ќе ја одржи 20. седница за одлуката што Владата ја донесе на вчерашната седница, за прераспределба на средства од буџетот од ставки каде што е забележана побавна реализација до ставки каде треба да се исплатат достасани обврски.

На пленарна седница ќе се разгледува предложената владина одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.