СЈО: Немало обид за атентат врз Фатиме Фетаи

Специјалното јавно обвинителство попладнево ги демантираше информациите објавени во одредени медиуми дека бил извршен обид за атентат врз специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.

Ова Јавно обвинителство категорично ги демантира написите на некои медиуми во кои се тврди дека определен инцидент во село Боговиње, случен на 7 февруари оваа година, е поврзан со обвинителката Фатиме Фетаи и во кои се шпекулира дека во заднината на инцидентот бил обид за атентат врз неа. Информираме дека на тој ден обвинителката ниту била во Боговиње, ниту пак тој настан има каква било поврзаност со Фетаи“, гласи соопштението од СЈО.