This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Sep 21 4:36:17 2018 / +0000 GMT

Симона Угриновска назначена за в.д директор на МНТ




Министерството за култира ја назначи Симона Угриновска за в.д. директор на МНТ, соопшти денеска министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.

-По оставката на Драган Спасов-Дац, за да може институцијата да работи непречено, за вршител на должност, според Законот дека лицето мора да доаѓа од редот на вработените, ја назначивме Симона Угриновска. Таа ќе ја извршува оваа функција сѐ додека не биде избран нов директор, за што според Законот треба да биде распишан конкурс - рече Алаѓозовски.

Угриновска досега работеше како организатор и продуцент во МНТ.

Назначувањето на Угриновска доаѓа по оставката на претходниот директор Драган Спасов Дац, кој минатата недела во алкохолизирана состојба удри пешак во скопската населба Кисела Вода. Претходно, Министерството за култура и Владата кажаа дека лице кое сторило таков тежок прекршок не може да раководи со институција и да извршува јавна функција.

Post date: 2018-02-05 14:48:19
Post date GMT: 2018-02-05 13:48:19
Post modified date: 2018-02-05 14:48:19
Post modified date GMT: 2018-02-05 13:48:19

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com