Седум војници повредени при напад на бегалски камп во Либан

Најмалку седум либански војници се повредени кога пет бомбаши самоубијци нападнаа два сириски бегалски кампа во областа Арсал, во пограничното подрачје со Сирија, соопшти либанската војска.

Во соопштението се наведува дека шест екстремисти фрлиле рачна граната на патрола, пренесе „Ројтерс“.