СДСМ: УЈП работи неселективно и независно

Сите државни институции, вклучително и Управата за јавни приходи, работат професионално, неселективно и независно, во интерес на граѓаните и во служба на законите, се вели во писмената реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Злоупотребата на институциите за партиски цели, нивната селективност во работењето и привилегираноста на одредени фирми и поединци беа одлика на 11-годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа време на селективност и на притисоци врз приватниот сектор заврши со заминувањето на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција“, велат од владејачката партија.

Од СДСМ додаваат дека завршило времето на привилегираните и на непочитувањето на законите на штета на граѓаните и на фирмите.