Рударите од Трепча го прекинаа штрајкот на еден месец

Косовските рудари од јужениот дел на комбинатот Трепча, по тридневен штрајк денеска одлучиле привремено да го прекинат протестот на еден месец за да им дадат време на косовските институции да најдат решение за комбинатот, пренесуваат медиумите во Приштина.

Портпаролот на рудникот, Муса Мустафа, за медиумите изјавил дека „штрајкот на рударите во Трепча е официјалнo суспендиран на еден месец и рударите излегуваат од јамите“.

Притоа тој нагласил дека „штрајкот не е прекинат, туку е суспендиран“.

Штрајкот на рударите во Трепча почна во вторникот, откако косовската влада се откажа од намерата комбинатот да го претвори во јавно претпријатие.