Путин: Трамп во живо е поинаков отколку на телевизија

Доналд Трамп е поинаков во живо отколку што е на телевизија, изјави рускиот претседател Владимир Путин по завршувањето на конференцијата на самитот Г20.

Путин додаде дека верува дека односите помеѓу двете држави, Русија и САД, можат да се поправат.

-Мислам дека ако продолжиме да го градиме нашиот однос, како што се случи за време на нашиот вчерашен разговор, постои темел, бар делумно, дека ќе ја почнеме соработката која ни е потребна – изјави Путин.

На почетокот на самитот Г20 во Хамбург вчера дојде до долго очекуваната средба помеѓу двајцата лидери. Состанокот траел речиси два ипол часа, многу повеќе од предвиденото.

По состанокот, американскиот и рускиот претседател потврдија дека е договорено примирје на југозападот на Сирија.