Прв параглајдерски куп „Прилеп опен 2014“

Прв параглајдинг натпревар во Прилеп
Прв параглајдинг натпревар во Прилеп

Првиот параглајдерски куп во дисциплината прецизно слетување „Прилеп опен  2014“, ќе биде отворен утре во Прилеп, на новоопременото полетувалиште за параглајдери „Трескавец“.

„Натпреварот ќе биде отворен утре (1 ноември, 2014) во 11 часот, на полетувалиштето „Трескавец“, лоцирано веднаш под манастирот Трескавец, од градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески и од амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс. По отворањето на натпреварот се обезбедени неколку бесплатни летови со тандем-параглајдер за претставници на медиумите. Новинарите кои ќе летаат ќе можат да ги снимаат летовите со камери GoPro, обезбедени од организаторите, а веднаш потоа снимките ќе бидат префрлени на нивни хард-дискови. Тандем-летовите траат околу 15 минути“, се вели во соопштението од УСАИД.