Промовирани нови 10 книги од проектот за превод на стручни и научни книги

Денеска беа промовирани нови 10 наслови од областа на медицината и на стоматологијата, транспортот и телекомуникациите, туризмот и бизнис-логистиката, правото, ликовната уметност, природноматематичките науки, како и од областа на машинството и на електротехниката. Оваа промоција се одржа во рамки на владиниот проект за превод на 1.000 стручни и научни книги од кои се учи на врвните светски универзитети.

Со денешната промоција, вкупниот број преведени книги од реномирани светски автори изнесува 907.