Прометот во индустријата до август зголемен за 10,8 отсто во однос на лани

Во првите осум месеци од годинава, прометот во индустријата во однос на истиот период лани е поголем за 10,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата во август годинава во однос на истиот месец лани е поголем за 4,1 отсто.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар за истиот период бележи зголемување од 8,4 проценти, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 15,8 проценти.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во август годинава, во однос на истиот месец лани, бележи зголемување од 8,3 проценти, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 14,3 проценти.