Продолжува расправата за импичментот на Иванов

Пратениците во Собранието денеска ќе ја продолжат расправата за иницијативата за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов.

Пратениците од опозицијата сметаат дека Иванов со тоа што дал аболиција на 56 лица, само придонел да се влоши политичката криза во државата, а со повлекувањето на аболицијата признал дека донел погрешна одлука и дека ѝ наштетил на државата и поради тоа треба да си поднесе оставка.

Од владејачката партија сметаат дека Иванов не треба да си поднесе оставка и дека работел за доброто на државата.

Расправата за одговорноста на претседателот Ѓорге Иванов почна на 13 јуни, а претходно собраниска комисија ја оценуваше основаноста на предлогот поднесен од пратениците на СДСМ и на коалицијата, а поддржан од пратениците на ДУИ.