Последен ден од кампањата на партиите: СДСМ во Гази Баба, ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

Политичките партии вечерва ќе ги одржат последните митинзи во рамките на својата предизборна кампања, а на полноќ настапува изборниот молк.

СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија последниот митинг ќе го одржат во општина Гази Баба во 19 часот, а ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во Крушево во 17.30 часот и во Прилеп во 20 часот.

Коалицијата за промени и правда предводена од Демократскиот сојуз ќе одржи прес-конференција на која лидерите на коалицијата ќе ги презентираат ставовите околу предизборниот процес и главните пораки до граѓаните, а вечерва од 18 часот ќе одржат митинг на плоштадот во Лептокарија во Скопје.

Политичката партија Левица ќе одржи прес-конференција во 12.30 часот во паркот Жена борец во Скопје.

Коалицијата ВМРО за Македонија ќе одржи средба со граѓани на плоштадот во Прилеп во 13.30 часот, а вечрва од 19 часот ќе има митинг во Центарот за култура во Битола.